Ќерката на албанскиот министер загина во Македонија: „Ова е најтешката порака што сум ја напишал“

Ева Таво (24), ќерката на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот.

Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.

Драма во Америка! Патнички авион погоден со куршум пред полетување! (ФОТО/ВИДЕО)
Авион на Southwest Airlines бил погоден со куршум додека се подготвувал да полета од Dallas Love Field во петокот вечерта.Полициската управа во Далас потврди за Fox News Digital дека полицајците пристигнале на …
Видеото од средбата на кралот Чарлс и Дензел Вашингтон го преплави интернетот: Познатиот актер се нервираше, а нивниот разговор на сите им е чуден (ВИДЕО)
Кралот Чарлс и Дензел Вашингтон се сретнаа на премиерата на филмот на Ридли Скот „Гладијатор II“ во Лондон. Разговорот што го воделе во таа прилика на сите им изгледа прилично чуден, па видеото …

„Ова се најтешките зборови што ги напишав во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавите години, токму таква каква што беше. Погребот ќе се одржи во четврток на 30 ноември во 11 часот во Јоргукат“, напиша поранешниот министер.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Македонија, несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, на патот Тетово-Скопје.

„На 28 ноември околу 14,00 часот било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза, на потегот Тетово – Скопје, возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од државјанин на Албанија, В.М.(40), излетало од пат. Во возилото била Е.Т.(24), државјанка на Албанија, која од повредите починала на лице место. Лекарите констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобила В.М.“, се вели во полициското соопштение.

Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.