Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит се откажаа од презимето на својот татко Бред Пит, истото тоа го стори и нивната сестра Вивиен, пишуваат американските медиуми.
И Вивиен Џоли, се чини, ќе го задржи само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли. Инаку, и девојката е во филмската индустрија, па работела како асистент на продуцент при снимањето мјузиклот „The Outsiders“ („Недораснати“), па на списокот луѓе кои работеле на проектот, забележано е дека Вивиен го има само презимето на мајка ѝ.
Засега не се знае дали тоа е и судски направено. Откажувањето на презимето доаѓа по години на заладени односи меѓу Бред Пит и неговите деца поради неговиот развод со Џоли.
Пит со години нема контакт со нивните посвоени синови Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на глумецот со Медокс во нивен приватен авион. Поранешните сопружници сѐ уште не го решиле спорот за старателството на нивните шест деца. Шајлох, Медокс, Пакс и Захара веќе се полнолетни, а Вивиен и Нокс, коишто Џоли ги роди во 2008 година, за нецели два месеца ќе наполнат 16 години.