Ѝ рекоа дека ќе умре, па направи шокантна промена: Ослабе 101 килограм, погледнете ја разликата

Откако докторот ја предупреди дека нема да го дочека својот 40-ти роденден, Ема Тарнер од Мелбурн, Австралија морала да направи нешто драстично за да продолжи да живее. Ослабе 100 килограми и конечно превзема контрола на својот живот.
Со 160 килограми, носејќи борј на облека 62, докторите ја предупредија дека нејзиното тело нема уште долго да издржи. Кога имала 38 години, докторите ѝ рекле дека ако не ја намали тежината, има шанса да не ја доживее четириесетата година. Кога тоа го слушнала, Ема си ветила дека ќе направи промена во својата исхрана и ќе загуби на тежина.


Денес 42-годишната Ема едвај си се препознава себе си каква била некогаш, откако ослабе неверојатни 101 килограм. „Не можам да си поверувам дека си дозволив да станам волку голема. Мака ми е дури и да размислувам за тоа, мојот животен стил беше нездрав“, изјавила Ема.
Кога наполнила 16 години таа почнала да ги таложи килограмите. Со новата работа и со нов автомобил, тогаш тинејџерката Ема во Австралија уживала во својата новоостварена слобода.
„Ќе се повозев до некој од рестораните и ќе земев за јадење што и да ми се посака. Во тој момент започна мојата зависнот од храната. Ќе вечерав со моето семејство, а потоа кога сите ќе си заминат од кујната, се враќав назад и ќе си направев уште три сендвичи кои ги носев и ги јадев во спалната соба. Тие мои вечери во самотија беа вистинско емотивно прејадување, многу тајно го правев тоа и траеше со години“, раскажа Ема, пренесува „Сан“.

Кога имала 18 години, веќе имала 100 килограми и носела облека со големина ХЛ и ХХЛ. Во мај во 2015 година, Ема заминала на делумна гастректомија, која подрзабира отстранување на околу 85 проценти од желудникот. По операцијата, се разбудила за околу 54 килограми полесна. Иако била задоволна со резултатите, ѝ останало многу опуштена кожа која требала да се отстрани со оперативен зафат.
Останатите вишок килограми ги симнала со балансирана исхрана и со вежбање.
Сепак, во април минатата година, имала уште една операција која вклучува отстранување на кожата и затегнување на стомакот. Во март оваа година, повторно беше на операција, но овој пат да вгради силикони и да ги подигне градите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.