Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) се залага за референдум за напуштање на ЕУ, пишува „Дојче Веле“Дојче веле наведува дека во партиската програма на АфД, за која ќе се расправа во јануари, на прво место е политиката против миграцијата и имиграцијата.Но, важна е и реченицата: „Сметаме дека е неопходно Германија да ја напушти Европската унија и да формира нова Европска заедница“.Таа „заедница“ би била нешто како „Европа на различни нации“ која би имала само заеднички пазар и би претставувала „заеднички економски и политички интереси“. АфД не сака ни да ја задржи заедничката валута, еврото.Предвремените избори се во февруари. Иако АфД нема шанси да дојде до власт, во моментов се предвидува дека таа десничарска партија ќе заземе силно второ место со близу дваесет проценти од гласовите.Едно од нејзините барања е граѓаните на Германија да се изјаснат за членство во Европската унија. Всушност, Германците никогаш немаа можност да се изјаснат за ова на референдум.Незадоволството кон заедничката валута и Европската унија е стара приказна меѓу поддржувачите на АфД и беше особено гласна за време на должничката криза на Грција и другите јужноевропски земји.Но, и раководството на АфД е свесно дека членството во ЕУ е важно за германските граѓани – според истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“, дури 87 отсто од Германците на референдум би гласале за останување во Унијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: