Џастин Теру проговори за разводот од Џенифер Анистон

Кога во фервруари оваа година, конечно признаа дека на нивниот 2-годишен брак му дошло крајот, не беше многу иненадувачки, особено поради фактот дека постојано се зборуваше како Џенифер е сѐ уште заљубена во својот поранешен сопруг, Бред Пит.
Како и да е, и на бракот со Џастин Теру му дошло крај, а после неколку месеци, Џастин на оваа тема проговори и за медиумите.


Изгледа дека требало да поминат долги 7 месеци да се огласи и тој – поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, Џастин Теру, кој за сѐ одлучил да проговори во интервјуто на “The New York Times”.
47-годишниот актер, меѓу другото открил дека се разделиле, но сепак останале во добри односи.
“Добрата вест е дека тоа беше многу нежна разделба, без никакви непријателски индикации. Навистина морам да внимавам што и како ќе кажам”, Џастин ја започнал својата испиовед, а потоа додал: “Не умревме, ниту пак се напаѓавме со секири. Едноставно секој тргна по својот пат, пријателски настроен. Знам дека тоа ви е досадно, но премногу се почитуваме еден со друг, за да може да се повредиме. Но, не можам да кажам дека сето тоа не ми го скрши срцето, бидејќи знаев дека нашиот однос никогаш повторно нема да биде ист.”

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.