Џафери во Службен весник објави два закона без потпис на претседателот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги оствари најавите – само неколку дена по усвојувањето на уставните амандмани одлучи да ги испрати и Преспанскиот договор и Законот за јазиците за објава во службен весник и без потписот на претседателот Ѓорге Иванов.
На прес – конференцијата одржана во Собранието тој изјави:
-Јас му дадов доволно време на претседателот на државата, кој што исто така има уставна надлежност. Му дадов доволно време за двата указа, за првиот за Законот за јазици имаше една година, за ратификација на Договорот од Преспа имаше шест месеци. Меѓутоа тој не го исполни своето уставно право, својата уставна надлежност, така што јас го презедов тоа што е во рамките на мојата институционална надлежност и не сметам дека сум прекршил нешто, изјави Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.