Претседателот на Собранието, Талат Џафери “со терање инает за седницата за СЈО сака да заштити некој од функционерите опфатени во постапките на тоа обвинителство“, изјави потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зекири.
– Како што го спаси Трајко Велјановски да му се одземе имунитетот, сака и некој друг да спаси сега? Не може да си тера инаети и поради некои свои интереси да каже дека нема да свикува седница затоа што министерката Рената Дескоска кажала дека може да има. Талат Џафери треба да се освести што е можно побрзо и да знае да си биде на висина на задачата што ја има, изјави Зекири за ТВ“24“.