Џенифер Лопез во голем стил ќе го прослави својот 55-ти роденден со екстравагантна забава на која не се штедеше.Латино дивата во Хемптонс приреди раскошна забава во стилот на хит серијата на Нефликс „Бриџертон“, па сè беше за кочии, цвеќиња, елегантни „империја“ фустани, пуфни ракави, тијари, високи ракавици, впечатливи фризури…Меѓу гостите беа членовите на семејството на Џенифер, мама Гвадалупе Родригез, како и Сара Џесика Паркер. Сепак, Бен Афлек никаде го немаше.Како што беше претходно напишано, нивниот брак е во голема криза и не се видени заедно повеќе од 40 дена. Понатаму, Лопез, чиј роденден е во среда, на 24 август, неодамна ја помина втората годишнина од бракот без сопругот, бидејќи тој остана во Калифорнија додека таа е во Хемптонс, на другата страна на САД.
Пронајдете не на следниве мрежи: