Џереми Ренер по првпат татко

Американскиот актер Џереми Ренер и неговата девојка Сони Пачеко по првпат станаа родители, објави магазинот People.
„Тие се повеќе од одушевени. Мајката и ќерката се добро“, изјави портпаролката на 42-годишниот Џереми Ренер, гордиот татко на девојченцето  Ава Берлин Ренер.
Актерот се прослави со глумата во филмот „Наредникот Џејмс“ од 2008 година, за којашто беше номиниран за Оскар. Филмот на режисерката Кетрин Бигелоу таа година ја освои наградата на американската филмска академија за најдобар филм.
Ренер подоцна глумеше во филмовите „Градот на гангстерите“, за што ја доби номинацијата за најдобра споредна машка улога на Оскарите,, како и во четвртото продолжени ена „Невозможна мисија“ и „Борновото наследство“
МакфаксАмериканскиот актер Џереми Ренер и неговата девојка Сони Пачеко по првпат станаа родители, објави магазин

Пронајдете не на следниве мрежи: