Џесика Алба непрепознатлива: Стајлинг за празничен шопинг

Џесика Алба изгледа како и повеќето во последен момент го завршува празничниот шопинг.
Актерката (40) е фотографирана како излегува од продавница во Лос Анџелес со неколку кутии со слатки во рацете. За брзиот празничен шопинг таа се одлучи за удобен и лежерен изглед, кој вклучува долг шарен капут украсен со ситни цветни дезени.

Џесика под палтото носеше ребрест џемпер во крем боја, кој го спои со широки, кафени панталони.
Актерката на се додаде мала црвено-бела Шанел чанта со дезен, заедно со торба која се почесто ја гледаме кај познатите.
Џесика овој пат секојдневните обврски ги завршуваше без сопругот Кеш Ворен и нивните три деца: Хонор (13), Хевен (10) и Хејс (3).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.