Џејмс Матис денес во Скопје

Со поддршка за успешен Референдум денес во престолнината на Р.Македонија пристигна пензионираниот генерал на американската војска и моментен секретар за одбрана на САД, Џејмс Матис. Ќе се сретне со премиерот Заев и министерката за одбрана Шеќеринска, по што е предвидена заедничка изјава за медиумите.
Свечен пречек за американската делегација беше организиран на Меѓународниот аеродром “Скопје“ и на платото пред Владата на Р. Македонија.Во изминативе 14 години во Македонија за првпат доаѓа американски секретар за одбрана.
Првиот човек на Пентагон и најмоќната армија на светот, Матис уште минатата недела изјави дека во нашата земја доаѓа за да даде поддршка за Референдумот, за влез во ЕУ и НАТО, и за промена на името на Република Македонија.
Притоа не заборави да ја изрази својата загриженост за можната вмешаност на Москва во тој процес.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.