Денес се во мода полните и сензуални усни, па речиси и да не постои жена што не извршила помала или поголема корекција на устата. Особено тие од светот на шоубизнисот, кои ги диктираат трендовите во пластичната хирургија.
За мноштво припаднички од понежниот пол, идеал за убавина се Анџелина Џоли, или, пак, Кајли Џенер. Заедничка црта на двете популарни и привлечни ѕвезди се сочните усни.
Од друга страна, жените на oваа листа имаат потенки усни, не им е грижа за трендовите и тоа не ги прави ништо помалку секси во однос на претходно споменатите. Напротив.
Ова се познатите дами кои никогаш не би ги „напумпале“ усните со силикони:
Ема Вотсон
Младата ѕвезда е противник на било каква хируршка или козметичка интервенција кога станува збор за изгледот. Впрочем, нема ниту причина, бидејќи пред неколку години, усните на Ема Вотсон беа издвоени како најубави во Холивуд.
Кејт Мидлтон
Се чини дека дури и да сака, припадничката на британската монархија не смее да си дозволи никакви „експерименти“ со убавината. Кога во минатото за нијанса ја промени бојата на косата, јавноста веднаш ја осуди војвотката од Кембриџ.
Аристократските усни на Кејт Мидлтон се во согласност со нејзината положба во кралското семејство. Замислете си што би се случило ако таа ги „напумпа“ со силикони!?
Кирстен Данст
Постои верување дека за време на бременоста не се зголемуваат само градите, туку и усните на жената. Во случајот на Кирстен Данст – тоа е чиста бесмислица.
Усните на глумицата останаа исти како пред, така и после породувањето. А, ќе останат и во иднина ако таа се прашува.
Лесли Ман
Се говори дека на глумицата повеќепати ѝ било предложено да ги зголеми усните, со образложение дека благодарение на нив, ќе доживее подем во нејзината кариера. Лесли Ман категорично ги одбила „добронамерните“ совети на оваа тема.
Кејт Хадсон
За разлика од колешките, филмската ѕвезда не е толку радикална во однос на трансформациите со помош на естетски хирург или козметичар. Кејт Хадсон има искуство со мамопластика, ама не допуштила усните ниту да ѝ ги допре некој од специјалистите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.