Авиокомпанија сите кучиња ќе ги превезува во прва класа


Од четвртокот, на пазарот на авиокомпании е присутна нова компанија „BARK Air“, на којашто кучињата ѝ се на прво место и патуваат со нивните сопственици во кабинскиот простор со врвна услуга.

Во првата фаза од работењето „BARK Air“ ќе лета на линиите меѓу Њујорк, Лос Анџелес и Лондон, кој моментално е единствената интерконтинентална дестинација.

Извршниот директор на новата авиокомпанија, Мет Микер, рече дека дошол до бизнис идејата по лошото лично искуство со транспортот на Хуго, неговата германска дога.

„Не можев да патувам долги растојанија со него и ја имав идејата дека треба да има авиокомпанија на којашто кучињата жќе и бидат под е дн аквоважни како и нивните сопственици“, вели Микер, кој исто така ја основа „BarkBox“, претплатничка услуга за производи за кучиња, која е во сопственост на групацијата „Bark Inc“.

„Ние му ја даваме секоја услуга на кучето, обидувајќи се да ја намалиме нивната анксиозност и стрес, за да го имаат најудобното и најбестрашното искуство без страв во авионот“, додава Микер.

„BARK Air“ нуди спа центар за кучешките клиенти и мени што вклучува „dog bubbly“ и „barkaccinos“ (шолјички полни со павлака).

Компанијата има цел да продава 10 билети по лет за да направи место за 10 кучиња и нивните сопственици, иако луксузниот авион може да прими до 15 луѓе. „BARK Air“ во кабинскиот простор ќе прифаќа кучиња од сите раси и големини.

Цената на билет во еден правец за куче и едно лице на релации во САД е 6.000 американски долари, додека меѓународен лет чини 8.000 американски долари.

Микер вели дека цените би можеле да се намалат во иднина.

„Сега, на почетокот, работиме со загуба. Идејата е со текот на времето да ги намалиме цените за нашите корисници и да ги намалиме оперативните трошоци. Тоа ќе се случи со зголемување на бројот на летови и воведување повеќе дестинации“, додава

Во „BARK Air“ размислуваат да додадат летови до Париз, Милано, Чикаго и Сиетл, како и сезонските дестинации во Флорида и Аризона.

Пронајдете не на следниве мрежи: