четврток, 12 ноември 2026
Најново

Германскиот гигант забележа пад на продажбата на автомобили: Оваа земја им е „трн во око“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот производител на луксузни автомобили „Мерцедес-Бенц“ објави дека во 2024 година продал помалку возила во споредба со минатата година.

Главниот проблем е што доаѓа од Кина, каде што продажбата е намалена.Германската компанија минатата година продаде 2,39 милиони автомобили, што е за четири отсто помалку од 2023 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Падот на продажбата беше донекаде ублажен со подобрите резултати во четвртиот квартал благодарение на благото закрепнување на кинескиот пазар.

Продажбата на автомобили во Кина падна за седум отсто, и покрај закрепнувањето во четвртиот квартал кога се зголемија за три отсто.

Кина е најважниот пазар за водечките германски производители на автомобили, но тие се соочуваат со тешка домашна конкуренција, особено во секторот на електрични возила.

Поврзани вести