Косовската полиција уапсила четворица македонски државјани, меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи.
Оттаму соопштуваат дека во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблички, во кое биле пронајдено и оружје и муниција.
Тројца од четворицата уапсени имале лажни документи за идентификација.
Против Красниќи со години е распишана меѓународна потерница, откако во 2020 година по викенд-отсуство не се јави во затворот во Штип.
Меѓународната потерница за Красниќи е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи
Тој е дел од кондовската група обвинета за неколку кривични дела – спречување избори и гласање (на парламентарните избори од 1 јуни 2008), злосторничко здружување и за недозволено држење огнено оружје.
Осуден е на 15-годишна казна затвор. За доиздржување му остануваат 3 години и три месеци од казната.