понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс (АЗАЛ) кој утрово се урна во близина на аеродромот на градот Актау во Казахстан.На меѓународниот аеродром „Хајдар Алиев“ во Баку се одржа прес-конференција за авионската несреќа во Актау.Портпаролот на авиокомпанијата Ферид Хусејнов изјави дека во авионот имало пет членови на екипажот и 62 патници, значи вкупно 67 лица.Тој летал на релација Баку-Грозни, но поради маглата го променил курсот во правец на Актау.Хусејнов изјави дека 37 патници се државјани на Азербејџан, 16 на Русија, шест на Казахстан и тројца на Киргистан.Кенан Зејналов, функционер на главното јавно обвинителство на Азербејџан изјави дека според првичните информации, несреќата ја преживеале 32 лица и дека им била укажана лекарска помош.Авион „Ембраер 190“ на АЗАЛ, кој бил на лет од Баку за Грозни, се урна во близина на Актау.„Авионот се запалил по падот, а службите за итна помош работат на гаснење на пожарот“, објави Министерството за вонредни состојби.

Поврзани вести