Агнеса ги откопча панталоните и ја покажа тетоважата

Инфлуенсерката Агнеса Органџиева не крие дека ги сака тетоважите, а сега пред своите фанови се пофали со нова.
Органџиева веќе има неколку тетоважи на своето тело, а сега направи и една нова во пределот на стомакот.

Таа на својот профил на социјалните мрежи сподели снимка од моментот додека се тетовира, пресреќна што има нов цртеж на телото.

Но и покрај тоа што Агнеса во преден план ја истакна тетоважата, на многумина им привлече внимание и нешто друго.
Имено, нејзината нова тетоважа се наоѓа во пределот на половината, а нејзините фанови забележаа дека е поприлично ослабната.

Агнеса ги откопча панталоните и ја покажа тетоважата

Инфлуенсерката пред некое време реши сериозно да му се посвети на вежбањето, а резултатот од напорните тренинзи е повеќе од очигледен (погледнете ги фотографиите на крајот од галеријата).
Таа сега изгледа подобро од кога било досега, а со тазе тетоважата е подготвена и за своите нови костими за капење.

Како нејзините фанови би можеле да видат подобро за што станува збор, Агнеса позираше со раскопчани фармерки и подигната маичка, а нејзините фанови забележаа и дека храбро го издржа тетовирањето.
Шармантната русокоса сега има три нови ѕвезди распоредени рамномерно во линија на нејзината тенка половина.

Таа има тетоважа и на раката, но и едно мало срценце на скриено место која неодамна ја покажа на Инстаграм.
Повеќе од очигледно е дека Агнеса сака да се „црта“ по своето тело, па нема да се изненадиме ако наскоро направи уште нешто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.