Навика да се туширате наутро, пред да почнете со секојдневните обврски, е одлична рутина но само ако ја употребувате вистинската температура на водата, пишува The Sun.
Ако по будењето сакате да се истуширате под топла вода всушност повеќе правите штета отколку корист бидејќи по излегувањето од топла бања назад во студена просторија се случува ненадеен пад на телесната температура поради што целиот организам се опушта и ве тера на спиење.
Препораката на експертите е да ја менувате температурата на водата, топла па студена и така во круг сè до последната минута кога би требало да пуштите само студена вода.
Оваа промена ќе ги отвори капиларите, ќе ја подобри циркулацијата во телото, ќе ве разбуди и подготви за работниот ден.
Покрај тоа, различни истражувања покажаа дека туширањето со студена вода ја зголемува толеранцијата на стрес, го подобрува имунитетот и помага во согорувањето масни наслаги.