Што укажуваат ноктите кои се тенки и лесно се лупат

Секоја жена треба да се грижи за прекрасниот изглед на своите раце. Ако вашите нокти се тенки и лесно се лупат, тогаш ова не е само естетски убаво, но и сугерира за проблеми во организмот.

Што укажуваат ноктите кои се тенки и лесно се лупат

Можно е ноктите да станат лесно кршливи при болести на тироидната жлезда и цревата. Исто така може да бидат симптом за недостаток на витамини и важни хранливи материи во организмот.

Постојат и уште две причини кои не се предизвикани од проблеми во телото. Тоа се влажноста и неправилното отсекување.

Проблематичните нокти се лекуваат со правилна исхрана. Најефикасен начин е внесувањето на повеќе калциум. Се консумираат повеќе урми, бадеми, смокви и најчесто многу млечни производи – млеко, павлака, сирење. Потребен е и внес на растителни масти. Корисни за ноктите се квасецот, пченкарен леб, зеленчук, морски плодови, авокадо.

Користете различни гелови со витамин Е и калциум, кои поседуваат минерални материи.

Витаминот Е ќе го спречи засушувањето и загубата на масти, а калциумот ги заздравува ноктите и ги штити.

Солта исто така е корисна за заздравувањето на ноктите. Во соодветен сад со вода додадете малку сол. Стоплете ја и ставете ги рацете. Подржете така неколку секунди, а потоа измијте со вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.