Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва

Познатата актерка и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, пренесува СДК. мк официјални онформации од МВР.
Смртта ја пријавил член на семејството околу 22:40.
Билјана Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар “Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје, кој е и нејзин матичен театар. Беличанец беше градоначалничка на Кисела Вода во периодот од 2013 до 2017 година.
Билјана Беличанец беше мајка на две деца, а неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.