четврток, 12 ноември 2026
Најново

НАТО на нозе! Оваа земја го зголемува своето присуство во Балтичкото Море! Испраќаат воени бродови, доаѓа и авијација!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како дел од активностите на НАТО, Шведска ќе испрати три воени бродови во Балтичкото Море со цел воената алијанса да го зајакне своето присуство во тој дел од светот, соопшти денеска шведската влада.

Шведската армија ќе испрати и разузнавачки авион „ АСЦ 890″, се вели во владиното соопштение.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во март, Шведска стана 32-та членка на западната воена алијанса, откако Русија ја нападна Украина.

Владата најави дека ова ќе биде првпат Шведска, како сојузник на НАТО, да придонесува за вооружените сили.

Одлуката е донесена бидејќи серијата инциденти на Балтикот ја зголеми загриженоста за можните руски активности во регионот.

Поврзани вести