Рајли Рид, популарна актерка од филмови за возрасни, која е во индустријата од својата 19-та година, откри еден од најбизарните моменти во нејзината кариера. На 33-годишна возраст и со стотици филмови, Рид доживеала многу необични ситуации, но има еден момент кој останува особено врежан во нејзината меморија, пишува LADBible.Во неодамнешното појавување на подкастот „Tiger Belly“, Рајли раскажа еден од најчудните моменти кои ги доживеала на снимање. Подкастот, чиј домаќин е комичарот Боби Ли и неговата најдобра пријателка Калила, е познат по тоа што им дозволува на гостите да зборуваат нефилтрирано и отворено за работи што другите можеби нема да ги кажат.Рид раскажа како една од нејзините колеги на снимање имала потешкотии да постигне ерекција. И додека ова е нешто што многумина можеа да го разберат под стресните услови на снимањето, приказната стана уште побизарна.„Момчето почна да има проблеми, па реши да побара помош од друга девојка на снимањето“, рече Рид, објаснувајќи како мажот ја замолил нејзината колешка да застане во аголот од собата за да може да ја гледа додека има секс со неа. ,,Не можев да го сфатам на начинот на кој тој сакаше“, додава Рид.
Оваа случка беше еден од оние моменти кои никогаш нема да ги заборави од нејзината кариера, а исто така истакна дека поради слични искуства решила да престане да снима сцени со мажи и се префрлила на жени.Денес, Рид се повлече од мејнстрим порно индустријата и одлучи да се фокусира на создавање содржина на нејзината веб-страница и OnlyFans. Дополнително, таа неодамна откри дека планира да влезе во светот на комедијата, како и да истражува ТВ анимација и глума.
Пронајдете не на следниве мрежи: