Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја изврши самоубиство од шестиот кат на зграда во скопската населба Карпош.
Јовановски се товари за три кривични дела, а според Обвинителството, насилството не било изолиран инцидент, туку дел од подолго физичко и психичко малтретирање. Обвинителството посочува дека Ивана повеќепати пријавувала семејно насилство но дека пријавите ги повлекувала што се толкува како последица на страв.
Во завршниот збор на Обвинителството беше посочено и дека според психијатриското и психолошко вештачење Ивана пред бракот била функционална личност без психички нарушувања но со текот на годините под влијание на насилството западнала во состојба на трауматска зависност и психолошка криза.
Обвинетиот Јовановски ги отфрли делата за кои се товари тврдејќи дека не ја поттикнал сопругата да изврши самоубиство и дека и нанел телесни повреди на Ивана.
– Дејствијата на обвинетиот не претставуваат изолирани инциденти, туку каузално поврзани настани кои кулминирале на критичниот ден, на 2 март. Долгогодишното малтретирање кое вклучува физичко, психичко и економско насилство кое траело седум години ја доведува Ивана во состојба на тешка психичка вознемиреност, безнадежност и целосна безизлезност, изјави Неда Чаловска, адвокатка на семејството на починатите Ивана и Катја.
Пресудата за Јовановски ќе биде соопштена на 7 мај.
The post Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски appeared first on Provereno.



