– Акустичната гитара на популарниот музичар Џон Ленон е продадена за 2,8 милиони долари (околу 2,6 милиони евра) на аукција во Њујорк, Соединетите Американски Држави.Познатата гитара „Framus Hootenanny“ што ја користел Ленон во 1964 година е пронајдена по 50 години на поткровје во Англија.Гитарата беше продадена на аукција во кафулето „Хард рок“ во Њујорк вчера за точно 2.857.500 долари.Гитарата била во сопственост на Џон Ленон, а тој ја користел заедно со Џорџ Харисон за време на снимањето на албумот на Битлси „Хелп!“ (1965).Од аукциската куќа соопштија дека овој инструмент е меѓу петте најскапи гитари некогаш продадени на аукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: