Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда.

Информацијата ја потврди и Министерството за здравство.

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија
Пратениците на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот на внатрешна средба изјавиле дека нивен кандидат за канцелар на специјалните избори во февруари во Германија треба да биде министерот за …
Експлозијата во дворот на Раде Штекли е снимена на безбедносна камера
Порталот 4 News објави видео материјал од моментите на експлодирањето бомба пред домот на Раде Трајковски Штекли. Пред неколку дена во дворот на Штекли беше фрлена бомба за …

„Според одговорот од ЈЗУ ГАК- Скопје на одделот за новородени деца се случил немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург“ велат од Министерството.

Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, веднаш бил повикан детски хирург, кој ја санирал повредата, а новороденчето нема да има инвалидитет. Бебето е испишано дома, повредата е санирана со помош на детски хирург и бебето нема да остане без прст.

Според информациите Бебето имало фластери коишто не можеле мануелно да се извадат, па сестрата користела ножици и така настанала немилата ситуација.

Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.

Од министерство ја потврдија и информацијата дека бебе и мајка починале на гинекологија.

„ Во август на ЈЗУ УK Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје примена е таква пациентка којашто имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало. Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии.Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации.“ велат од Министерството за здравство.

Се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката. Формирано е и стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.