недела, 15 ноември 2026
Најново

Со 61 глас „за“ Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Дауити!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На почетокот на расправата за интерпелацијата на Даути, образложение за нејзиното поднесување од собраниската говорница даде пратеникот на Левица Сашко Јанчев, кој кажа дека претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади со нејзиното несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување ја кочи постапката за носење на Законот за бранители со тоа што не го ставен на дневен ред на Комисијата

Даути во своја одбрана рече дека целта на интерпелацијата е демонстрирање сила и диктат кон работата на пратениците што размилсуваат поинаку. Од собраниската говорница таа повтори дека Законот за бранители никогаш нема да дојде на дневен ред ако еднакви права не добијат и припадниците на ОНА. Во таа насока, таа ги праша пратениците на Левица дали се срамат истите зборови за мајоризација и дискриминација кон Албанците да ги слушаат и нивните деца

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците во Собранието ја изгласаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути.

Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица, а со изјаснувањето на мнозинството пратеници кои ја поддржаа Собранието констатира дека наводите во неа за работата на Даути се основани.

Како што може да се види од листата од гласањето, покрај пратеници на опозициската Левица, за интерпелацијата на претседателката на собраниската Комисија гласаа и нивни колеги од владејачкото мнозинство, односно од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Поврзани вести