Аналитичарот Ернест Љума смета дека владата во Македонија треба да ја состават партиите кои освоиле најмногу гласови на изборите, принцип кој се применувал и досега. Според него, Албанците треба да се вразумат и да донесат храбри одлуки ако сакаат да бидат дел од власта во Македонија.На прашањето дали новата македонска влада треба да ја формираат победниците, Љума недвојбено потврдува.
–Се разбира. Тоа е пишано и непишано правило на демократијата, вели тој за порталот Газета експрес.
–Иако на изборите доживеаја низок удар, повеќе заради своите политички грешки, албанските политички лидери во Македонија треба да се освестат. Имаат помалку гласови и пратеници, но, според политичката клима која владее таму, имаат повеќе енергија и поголема улога. Мислам дека треба да влезат во Владата, како што во овој случај би рекол Адем Демачи, да се вразумат. Мислам дека клучот за решението е во рацете на Албанците, а големите одлуки им припаѓаат на храбрите лидери. Не треба да се калкулираат многу личните и групните интереси, туку да се гледа на националниот интерес на Албанците, додава тој.
Љума верува дека Албанците треба да инсистираат на тоа дека треба да бидат фактор во формирањето на државата и да донесат унифицирани одлуки користејќи ја новоформираната политичка ситуација таму.
–ВМРО-ДПMНE победи на изборите. СДСМ е на второ место. Албанците мора да делуваат како еден во оваа политичка бура во Македонија. Не треба да калкулираат тесно. Тие можат многу да постигнат, како и да постигнат Албанците во Македонија да бидат составен фактор на државата, како што не било досега. Може да постигнат албанскиот јазик да биде официјален и еднаков со македонскиот, а и албанското национално знаме да се почитува колку што се почитува другото знаме кое доминира насекаде. Покрај изборниот удар кој го доживеаја, албанските политичари треба да се освестат, да собираат памет и да се ангажираат за доброто на националниот интерес, додава Љума.
Според него, освен што можат да влезат во владата, Албанците можат и да заземат и некоја од највисоките функции во земјата, како претседател на Собранието.
–Ќе можат да одлучуваат за инвестициите, за распределбата на Буџетот, на некој начин, Албанците таму ќе бидат политички фактор, анализира Љума и додава дека разликата меѓу македонските лидери не е голема и затоа ги советува Албанците се преземат стратешки одлуки кои се во корист на Албанците.
–Разликата меѓу Груевски и Заев, во однос на Албанците, не е голема. Во која било комбинација Албанците не треба да заборават дека ќе влезат во коалиција на „мачка и глушец“, рече тој.
Љума вели дека сепак Македонија денес е во рацете на Албанците.
–Македонија е во рацете на Албанците, но некој треба да се осмели таму, додава тој.
Според него, идејата дека Албанците имаат и македонска партија е лага сѐ додека мнозинството не гласа и за албанските партии.
–Сѐ додека не постои волја на оние кои себе си се нарекуваат Македонци да гласаат за Албанците, тогаш волјата на Албанците да влезат под закрила на СДСМ е лага. Мултиетничноста не може да ја направи една партија, кога тоа досега не успеа да го направи самата држава, заклучува тој.
–Албанофобијата на ФИРОМ не е само од денес, туку е подлабока, со оглед на напорите да се манипулираат хероите од минатото, историјата и албанската вистината таму. Оние кои се нарекуваат себеси Македонци го присвојуваат Александар Велики, а се обидуваат да ја македонизираат и св. Тереза. Кој може да им верува дека истите тие ќе имаат повеќе почит за националното знаме на Албанците, јазикот, културата и правата на Албанците, кога тие ја оспоруваат историјата. Ако Александар Велики живеел милениуми порано, Гонџа Бојаџиу живееше до пред 20 години. И, во овој поглед, македонскиот политички кампус не се разликува еден од друг. Тие се исти. Затоа, мултиетничноста не може да успее. Оние кои се угнетувачи и уништувачи кон некого не можат да бидат мултиетници, завршува Љума.На прашањето дали новата македонска влада треба да ја формираат победниците, Љума недвојбено потврдува.
–Се разбира. Тоа е пишан