Александра Пријовиќ е млада поп – ѕвезда која привлече големо внимание на Балканот во последните месеци, а многумина ја сметаат за наследничка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, иако на „српската мајка“ не и’ се допаѓа тоа што народот ѝ доделуваат наследник за време на нејзиниот живот.
- Детали за грабежот во домот на Дончиќ: Крадците влегле кога немало никој дома и си заминале со вреден накит
- Поздрав од најдобрите пријатели, златните ретривери станаа хит на TikTok
- Вучевиќ: Обвинителството е при крај со истрагата за несреќата во Нови Сад
- Тошковски: МВР работи и во недела, сузбивме криминална група која шферцувала скапи автомобили од ЕУ
- Приведен Турчин во Скопје за физички напад на својата сопруга
Она што исто така привлече големо внимание е фактот што за своето обезбедување Прија ангажирала еден од најпознатите телохранители во регионот, кој со години и’ служел на Цеца Ражнатовиќ.
Човекот од обезбедувањето, кој може да се забележи на некои нејзини настапи, со години е дел од естрадниот свет и има долга кариера во обезбедувањето. Со својата професионална работа ја стекна довербата на бројни познати личности, а сега се најде во тимот на Александра Пријовиќ.
Интересно, фановите на двете пејачки успеале да пронајдат стари слики со телохранителот на Цеца во позадина. Имено, споменатиот телохранител беше дел од тимот на Цеца од 2007 до 2011 година, кога ја прекинаа соработката поради нејзиниот домашен притвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.