Анастасија и Вељко Ражнатовиќ вчера останаа во неверување откако ја дознаа страшната вест за прераната смрт на нивниот близок пријател од детството.
Имено пејачката најпрво се огласи и сподели емотивни зборови и фотографија со Жарко Ечим (22) кој повеќе не е меѓу нас.
-Почивај во мир прекрасна душо. Никогаш нема да те заборавам, напиша Анастасија.
Инаку по веста за смртта се огласи и Вељко кој многу повеќе се дружеше со Жарко кој по 20 дена им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајна несреќа.
Ражантовиќ не можеше да ги сокрие солзите и тагата, па сподели и фотографија, а преку видео снимка се потсети на убавите времиња со него.