Пејачката Анастасија Ражнатовиќ веќе подолго време ужива во љубовта со фудбалерот Немања Гудељ, а сега ги откри деталите од нивната врска во новата, 17-та епизода од „Цеца шоу“.
Анастасија беше во Катар да го бодри своето момче Немања на Светското првенство.
Таа истакнува дека фантастично си поминала во Катар, но дека таа и Немања немале многу можност да поминуваат време заедно.
– Во Катар беше екстра. Се видовме само еднаш. Тогаш имаше само слободно време, не е како да одиш да видиш некого кога сакаш, туку кога селекторот Пикси ќе каже, изјави Анастасија.
Анастасија и Немања по враќањето од аеродромот заминале во нејзиниот семеен дом, каде што ја поминале ноќта заедно, а потоа заминале во Шпанија каде фудбалерот живее подолго време.
– Се вративме назад истиот ден, но на различни летови бидејќи тој мораше да оди со репрезентацијата. Вечерта бевме во Белград, потоа отидовме во Севиља да ги искористиме неколкуте слободни денови, бидејќи никогаш не се ослободени од тренинзи, вели Анастасија.
Анастасија во неколку наврати изјави дека сега животот и е на релација Севиља-Белград и дека овие патувања воопшто не и се тешки, туку ги смета за задоволство.