Ана ослабе 50 килограми: Еве што јаде пејачката и како ја доведе фигурата до совршенство

Пејачката Ана Николиќ извесен период се бореше со вишокот килограми, но со помош на посебен режим на исхрана и тренинг успеа да ја доведе својата фигура до совршенство и да ослабе 50 килограми.

-Мојата тајна како изгубив тежина, најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина. Штом станам пијам 2 чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарици. За време на ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Ги исклучувам јаглехидратите (белото брашно), се придржувам до внесот на калории од 1000 до 1200, објаснува Ана.
-Целосно се откажав од слатките. И месото, освен рибата. Ако ми падне шеќерот, јадам една лажица Нутела и си замислувам дека сум ја изел целата. Губењето на вишокот килограми е работа на психата, истакнува пејачката.
-Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Ако огладнам во доцните часови, јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам 2 до 3 литри вода дневно. Понекогаш дури и 4, заклучува таа.

Еве го нејзиното мени:

ПОЈАДОК:
Јајце со еден домат, јогурт со снегулки, 1 јаболко и грст кајсии/цреши со јогурт.

РУЧЕК:
Супа од брокула, пржени пиперки со ориз, лосос и печурки, спанаќ со кромид и бело месо зелена салата со туна или ракчиња со риба.

ВЕЧЕРА:
Овошје од јогурт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.