Музичкиот фестивал „Макфест“ годинава ќе се одржи на 21 и 22-ри октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. На него ќе настапат околу 25 изведувачи, а меѓу нив ќе бидат Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други.
На фестивалот досега имаат настапено стотина изведувачи, најмногу од Македонија, а имало и од земјите од регионот и пошироко, но она што го прави посебен, е големиот број хитови и многу евергрини во секакви стилови и жанрови. Уметничкиот директор, Роберт Саздов, рече дека и годинава интересот е голем кај македонските артисти и дека ќе доминираат модерени звуци.
„Интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни“, рече Саздов.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.