Апасиев: Чекајте малку другари, нели шпиунирањето на политички опоненти беше одлика на источните “депонии” не на ЕУ?!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук ја коментира најновата европска афера со прислушкување наречена Еврогејт, во која се открива дека во најмалку четири земји-членки на ЕУ незаконски се користелел шпионски софтвери.

– Чекајте малце, другари!

Нели шпиунирањето на политичките опоненти и прислушкувањето на своите граѓани е својствено само за источните „автократски режими“ (ориентални деспотии)? Каква е сега оваа најнова афера ЕВРОГЕЈТ во срцето на ЕУ:

Холандската европратеничка Софи Инт Велд, која е главна истражителка на Европарламентот, подготвува извештај дека владите на дури 14 земји-членки на ЕУ (Шпанија, Холандија, Белгија, Грција, Унгарија, Полска и др.) го користеле шпиунскиот софтвер „Пегасус“ за да следат политичари, бизнисмени, новинари, граѓански активисти! Од нивните телефони и лап-топи биле вадени компромитирачки материјали, кои потоа биле користени за нивно замолчување во критиките кон властите, како и за прикривање на корупциски скандали.

И сето ова, во име на „поголеми цели“ се става под тепих! Европскиот совет молчи, а Европската комисија (која и самата беше хакирана) немала „интерес“ да го истражи скандалов!? Европол одбива да го истражува, оти тоа било „национална работа на членките“.

p.s. Овие Мијалков да не го зеле за консултат бе?

#ЕУфундаментализам

#Еврогејт – напиша Апасиев на Фејсбук.

Употребата на спајверот „Пегаз“ и други софтвери за шпионирање во земјите од Европската Унија се претвора во „ЕУ вотергејт“ откако на виделина излегоа нови детали од истрагата на комитетот на Европскиот Парламент.

Во претставувањето на прелиминарниот извештај, европратеничката Софи Ин’т Велд посочи дека има сомнежи за систематска употреба на шпионските алатки за контрола во некои земји на ЕУ и затоа „потребно е длабоко преиспитување на европското владеење за да се заштити демократијата“.

Досега истрагата на европарламентарците открила дека производите на израелската НСО групација ги купиле најмалку 14 земји членки на ЕУ. Сомнежите се дека во најмалку четири од нив како Грција, Шпанија, Полска и Унгарија се користеле нелегитимно.

Пронајдете не на следниве мрежи: