Градот Скопје нема да се впушта во коменитрање на политиканти и политизирање на секоја деструктивна и блокирачка активност во организација на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои доаѓаат од редовите на оваа партија. Трасата на улицата Боца Иванова е предвидена со Генералниот урбанистички план, и во целата своја должина се простира на земјиште кое е во државна сопственост. Во овој дел законот е јасен и дециден, и нема простор за политички манипулации, се вели во соопштението од Град Скопје.
„Неправото, не може да произведе право, па оттаму, граѓаните на Градот Скопје не може да бидат спречени во своите права за своите даноци да не добијат соодветни услуги, нова инфраструктура и безбедно сообраќајно решение. Неправото на неколкумина, не може да го дерогира правото на сите. Што се однесува на наводни ДУП-ови за изградба на згради на потегот на оваа траса, апелираме до градоначалникот на општина Бутел конечно да ги научи своите ингеренции. Детален урбанистички план носи општината, а не Градот Скопје. Тоа што Дарко Костовски ветувал дека на тој дел на улица Боца Иванова ќе легализира земјишта на кои ќе вцртува маркици за изградба на згради, кои сега поради реконструкцијата на улицата нема да биде возможно е негов проблем, а никако проблем на Градот или на граѓаните на Градот Скопје – велат од градот.
Оттаму додаваат дека на овој појас Градот Скопје воведува забрана за изградба и предвидува целиот овој потег да биде зелен појас. Од Градот аоелираат граѓаните да не дозволуваат да бидат изманипулирани и инструментализирани за остварување на бизнис интересите на неколкумина политиканти и бизнисмени, затоа што на крајот, одговорноста е на оној кој узурпира државно земјиште, а не на политиканите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.