четврток, 12 ноември 2026
Најново

Приватните превозници се враќаат на скопските улици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За да се намалат проблемите во градскиот сообраќај, приватните превозници утре се враќаат на скопските улици. Најавија дека ваквиот чин ќе биде привремен, додека имаат на располагање финансиски средства, се со цел да помогнат граѓаните да не чекаат со часови по станиците на минусни температури.

Ќе возат во текот на целиот ден, а не само попладне како што беше подолг период.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Приватните превозници бараат состанок во проширена форма со градските власти и Владата. Се бара покачување на цената по километар и раст на платите согласно растот на трошоците за живот оти вака не можат да опстојат. Бараат да бидат плаќани преку градот, а не преку ЈСП.

Владата на вонредна седница одобри 250 илјади литри нафта од државните резерви за ЈСП како привремено решение по колапсот на јавниот сообраќаен превоз во средата и четвртокот кога на улиците имаше само 25 автобуси. Нафтата е само за седум дена.

Поврзани вести