Фудбалерите на Астон вила вечерва ја остварија седмата победа во англиската Премиерлига, откако на домашен терен беа подобри од Лидс со 2-1.
Бејли по само три минути го пронајде патот до мрежата на Лидс за водство од 1-0, додека предноста ја удвои Буендиа. Единствениот гол за гостите го постигна Бамфорд во 83. минута, иако имаа шанси и за втор погодок до последниот судиски свиреж.
Астон вила по 19 одиграни меча се наоѓа на 11. позиција со 25 бодови, додека Лидс има осум бода помалку на 14. место.