Аца Лукас стана дедо по втор пат. Неговиот син Лазар има син. Тој и неговата сопруга Ана одлучиле првиот наследник да го крстат по дедо му, таткото на Аца, па така наследникот се вика Вуксан Вуксановиќ.
Пејачот сигурно е среќен, а фактот што бебето ќе го носи името на неговиот татко, за него е голема чест
За оваа радосна вест се огласи и новиот татко.
-Ви благодарам многу за желбите, ова е најсреќниот ден во нашиот живот. Сопругата е одлична, се помина добро. Таа е исцрпена, но полека сè се стабилизира. Ние славиме во кругот на семејството, изјави Лазар.