Бадникова погача

500 г брашно
1 свеж квасец
50 мл масло
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
250 мл млака вода
Квасецот размешајте го во 100 мл млака вода, додадете по една лажичка шеќер и брашно и оставете да стасува 15-тина минути.
Брашното посолете го, додадете ги маслото и стасаниот квасец и со преостанатата млака вода замесете помеко тесто. Оставете да стасува 30-тина минути. Размесете и оставете да стасува уште 30-тина минути. Повторно размесете го тестото и поделете го на 4 топчиња од кои 3 поголеми и едно помало топче.
Земете едно поголемо топче и расукајте го во тркалезна кора со пречник од 24 см. Ставете ја на хартија за печење и во средината премачкајте со малку масло. Од другото поголемо топче расукајте исто таква кора, исечете ја на 12 триаголници и наредите ги врз првата кора. Краевите од триаголниците премачкајте ги со масло. Истото направете го и со третото поголемо топче тесто.
Земете го врвот од еден триаголник и повлечете го десно нанадвор кон вас. Триаголникот под него извлечете го налево нанадвор. Истата постапка повторувајте ја со сите триаголници. Во средина ставете го малото топче тесто. Заедно со хартијата ставете во тркалезна тава бр 24. Покријте со кујнска крпа и оставете да стаса до висина на тавата. Премачкајте со масло и во погачата ставете ја паричката завиткана во алуминиумска фолија. Печете 40 минути на 200 степени. По желба одозгора украсете ја погачата со фигури од тесто.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.