Тајната на добри макарони е во сосот

Ако сте љубители на тестенини, ова ќе ви стане омилен оброк. Макарони и мелено месо печени во рерна се едноставен рецепт кој се подготвува брзо, а вкусот ги воодушевува сите.
Додадете сирење во бешамел сосот и ќе добиете кремаст бел сос кој само ќе го подобри вкусот на вака подготвените тестенини.
Состојки: 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 400 гр мелено месо, 3 домати, 20 гр доматно пире, сол, бибер, мајчина душица, црвен пипер, 500 гр тестенини.
Подготовка: Пропржете сецкан кромид и лук, па додадете мелено месо. Кога месото се пржи, додадете сецкани или мелени домати и доматно пире. Измешајте се убаво, а потоа зачинете. Згответе ги макароните. Растопете го путерот, па додадете го брашното и измешајте. Кога ќе се згусне и потемни, истурете го млекото, но не престанувајте да мешате. Додадете го сирењето и добро соединете. По неколку минути, кога сосот е готов, истурете ги макароните. Комбинирајте, па истурете половина макарони во подмачканата тава, потоа меленото месо и останатите макарони. Посипете со рендано сирење и печете на 200 ° C околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.