Марио Балотели не престанува да ја изненадува јавноста. По серијата скандали и разно разни глупости, Марио решил да се сврти кон уметноста, имено тој нарачал споменик во природна големина.
Сето ова не би било чудно, доколку на споменикот кој го нарачал напаѓачот на Милан не треба да биде самиот тој – Марио Балотели. Според англиските медиуми, италијанскиот репрезентативец веќе го нарачал споменикот кај уметникот Ливиј Скарпела, а кога споменикот ќе биде готов ќе биде поставен во дворот на куќата на Балотели во Бреша. „Добив налог, но јас никогаш не сум го сретнал Балотели, така што работам според фотографии. Го замислив како спортист од античкиот период, така што споменикот ќе биде мешавина на класичниот и современиот стил“, изјавил Скарпела за локалните медиуми. Се претпоставува дека Балотели, во бронза, сака да го овековечи моментот кога го прославуваше голот против Германија на Европското првенство. Според уметникот кој работи на споменикот, Марио со овој чин сака да стане бесмртен.
Макфакс
Марио Балотели не престанува да ја изненадува јавноста. По серијата скандали и разно разни глу