Банкари на кокаин се виновни за светската криза

Поранешниот прв советник за дрога на британската лабуристичка влада, тврди дека финансиската криза ја предизвикале банкари кои биле под дејство на кокаин.

Дејвид Нат, контроверзен научник кој во 2009 година тврдел дека земањето екстази е сигурно колку и јавањето коњи, вели дека со злоупотреба на кокаин предизвикана е финансиската криза, пренесува Sunday Times.
 „Банкарите земаат кокаин и не вовлекоа во овој ужасен неред”, вели тој за британскиот дневник, а додава дека тоа се случило затоа што кокаинот ги правел премногу сигурни во себе и повеќе ризикувале.
 Нат е професор по неуропсихофармакологија на познатиот колеџ Империјал.Тврди дека кокаинот е совршен за банкарската „култура на возбудување и потерата за се повеќе и повеќе и повеќе”.
 Тој во интервјуто тврди дека злоупотребата на кокаинот предизвикала и пропаст на банката Барингс во 1995 година, која во тоа време била најсилна банка во Британија.
 Професорот Нат е отпуштен во 2009 година, од позиција на советник за друга, откако објави научен труд во кој тврди дека нема многу разлика во штетата која ја предизвикува јавањето коњи и земањето екстази.
 Исто така, тврдел дека екстазито и ЛСД се помалку штетни од алкохолот.
 Минатата недела ја нападна владата поради законот со кој се уредува користењето магични печурки, екстази и канабис. Тврди дека овие закони ги загрозуваат медицинските истражувања. Магичните печурки се забранети во Велика Британија од 2005 година.
 Професорот Нат вели дека овие закони се апсурдни и луди и дека поради нив е тешко да се набави нивната состојка псилоцибин, која се користи за лечење депресија.
Макфакс
Поранешниот прв советник за дрога на британската лабуристичка влада, тврди дека финансиската криза ја предизвикале бан

Пронајдете не на следниве мрежи: