Барселона го има најскапиот фудбалер на светот



Младиот фудбалер на Барселона, Ламине Јамал, кој на 13 јули ќе наполни 17 години и официјално е фудбалер со најголема фудбалска вредност.

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави рангирање на млади фудбалери до 23 години со најголем пораст на трансферната вредност од октомври 2023 година.

Првото место со огромна разлика во однос на останатите го зазеде напаѓачот на Барселона, Ламине Јамал, чија цена порасна за 134 милиони евра.

Станува збор за периодот од октомври 2023 година до почетокот на април 2024 година.

Второто место го зазеде 19-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Жоао Невес (плус 73 милиони евра), а третото место го поделија крилото на Жирона, Савио и играчот од средниот ред на Челси, Кол Палмер.

Ламине Јамал ​​беше најголемиот талент создаден во младинската школа на Барселона, познатата „Ла Масија“, во последната деценија, а тамошните новинари го нарекоа „новиот Меси“.

Овој тинејџер има договор со Барса до 30 јуни 2026 година. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: