Во Шпанија се регистрирани 4.581 нови случаи на коронавирус од минатиот петок, кога фокусот на инфекцијата се засили, особено во Каталонија, вклучувајќи ја Барселона и соседниот регион Арагон, објави денеска шпанското Министерство за здравство.
Вкупниот број на заразени од коронавирус изнесува 264.835 од почетокот на пандемијата, соопшти шпанското Министерство, објави Си-Ен-Ен.
Во текот на изминатата недела се регистрирани 9 смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи изнесува 28.422.
-“Избувнувањата на новите жариста се поврзани со сезонските работници на фарми и во области каде не се почитуваат мерките за заштита, како што се големи семејни настани и ноќни клубови со млади – рече министерот за здравство Салвадор Илја на прес-конференција.
Во Шпанија рестриктивни мерки се укинати на 21 јуни и сега 17 шпански регионални влади директно управуваат со ситуацијата.
Најголемо жариште во моментов претставува Барселона, каде каталонските власти званично ги замолиле граѓаните да останат во своите домови освен исклучок да направат при неопходни случаи, но тоа не е задолжително.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.