Бела куќа: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, вели Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против Иран.

„Иран има сè што му е потребно за да се здобие со нуклеарно оружје. Сè што им треба е одлука од врховниот лидер за да го сторат тоа, а ќе бидат потребни неколку недели за да се заврши производството на тоа оружје“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите.

Претходно од Белата куќа изјавија дека Трамп ќе одлучи дали да се вклучи во војната во текот на следните две недели.

Пронајдете не на следниве мрежи: