Бизарна приказна за белгискиот авион кој поради недостиг на тоалетна хартија задоцнил дури 25 часа.
Летот BY718 на белгиската нискобуџетна авиокомпоанија TUI fly Belgium, кој ги површува англиски Манчестер и египетското летувалиште Шарм Ел Шеик, полетал со задоцнување од повеќе од еден ден на 16 декември и тоа поради проблеми со тоалетната хартија.
Денес постојат многу причини поради кои може да дојде до одложување на лет, но авион да не полета поради недостаток на тоалетна хартија досега не е забележано. Меѓутоа, ова навистина се случило и тоа минатиот четврток (15 декември 2022) на аеродромот во Манчестер во авионот на белгиската нискобуџетна авиокомпанија TUI fly Belgium, дел од групацијата TUI Airlines. Патниците требало да полетаат околу 9:55 утрото со летот BY718 за Шарм Ел Шеик, но биле спречени и тоа од бизарна причина.
Според зборовите на пилотот, кои ги пренесува францускиот портал La Dépêche, доставувачот направил грешка во порачката и испорачал овошен сок наместо ролни тоалетна хартија и хартија за бришење раце. Попладнето екипажот конечно одлучил да ги преземе работите во свои раце и отишол во авион на друга компанија за да ги пополни неопходните залихи. Кога патниците конечно се понадевале дека авионот ќе полета, настанал друг проблем: авионот не можел да полета бидејќи екипажот веќе го завршил своето законско работно време.
Поради тоа патниците морале да чекаат до наредниот ден за да стигнат во Египет. За среќа, ноќта ја минале сместени в хотел. Авионот конечно полетал во петокот, 16 декември, околу 11 часот, што значи дека поминале повеќе од 25 часа од предвиденото време за полетување.