Бело смути за јакнење на мускулите и имунолошкиот систем: Ова овошје е тајната на професионалните спортисти

Белата храна секогаш ја поттикнува силата на вашето тело. Велосипедистите на пример јадат круши, во текот и по тренингот.
„Комбинацијата на здравите јагленохидрати и мешавината на полифенолот од крушата го забрзува процесот на закрепнувањето на мускулите“, објаснува авторот на истражувањето Дејвид Ц. Неиман.
Витаминот Ц од крушите и дургите овошја исто така можат да го поттикнат вашиот имунолошки систем кој што може да ослабне по тренингот.
За силни мускули и имунитет предлагаме да си направите смути од круши со арома на ванила.
Потребни состојки:
– 2 големи круши, исечени на половина;
– 1 лажица оцет;
– 1 шолја незасладено бадемово млеко;
– 1/2 шолја јогурт со ниска масленост;
– малку цимет;
– ѓумбир во прав;
– 1 лажица јаворов сируп (или мед);
– кора од портокал;
– 1 шолја мраз.


Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Ставете хартија за печење на плех, помешајте ги крушите со оцетот и распоредете ги во плехот. Печете 30 минути, извадете ги од рерната и оставете да се изладат.
2. Печените круши, бадемовото млеко, циметот, ѓумбирот, кората од портокал ставете ги во блендер и миксирајте додека смесата не стане хомогена. Додадете го мразот и јогуртот, па повторно мискирајте. Поделете ја смесата во три чаши.
Нутритивна вредност по порција:
– 200 калории;
– 6 грама масти (1 грам заситени);
– 28 јагленохидрати;
– 7 грама протеини;
– 6 грама растителни влакна;
– 75 милиграми натриум.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.