Ванковска собра 10.000 потписи за претседателската кандидатура






Партијата Левица во објава на Фејсбук соопшти дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата.

„Левица има претседателски кандидат!, Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка борба“, стои во објавата.
Претходно вечерва и кандидатот и претседател на ГРОМ, Стевче Јаќимоски соопшти дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за шеф на државата.
Потписи за кандидатурите собраа и  Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на албанската опозиција „Вреди“ и Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ-За наша Македонија.
И кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски, ќе собираат потписи за нивните номинации кои викендов треба да бидат официјализирани од партиите.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.