Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба, напиша на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

- 11 години од „Диво насеље“
- Дали постојано кивате и имате затнат нос? Еве како природно да ги победите алергиите
- Фицо грмеше од Москва! Брисел се тресе од пораката на словачкиот премиер
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
Битиќи посочува дека пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест.
– Во Крушевскиот манифест со повикот до комшиите и пријателите без разлика на вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден. Делбите се најголемата пречка за напредок на државата. Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство. Честит 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, напиша Битиќи на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: