Русија предупреди дека би можела да ги прекине дипломатските односи со САД доколку Вашингтон ги заплени руските средства кои се замрзнати поради војната во Украина.
„САД не смее да дејствува под илузија дека Русија се држи до дипломатските односи со нив“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
Некои политичари на Запад предложија приходите од околу 300 милијарди долари замрзнати средства на Централната Банка на Русија да се користат за плаќање за реконструкција во Украина, а Кремљ децидно одговори на тоа тврдење.
„Русија никогаш нема да остави сама ниту една земја што ќе и го конфискува имотот“, соопшти денеска Кремљ, додавајќи дека ќе размисли кој западен имот Русија би можела да го искористи како одмазда во такво сценарио.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека таквата заплена ќе му нанесе сериозен удар на меѓународниот финансиски систем и дека Русија ќе ги брани своите права на суд, доколку тоа се случи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.