Булеварот “Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар “Сити мол“ до Ѓорче Петров повторно е блокиран , заради изведба на градежни работи.
Покрај ова блокирани се и алтернативните патишта, па е настанат комплетен метеж во сообраќајот. Иако полицијата се обидува да го растерети, се чини дека е залудно.
Исто како што се чини дека метежот ќе потрае и во наредниот период кога треба да започне реконструкцијата и на преостанатиот дел на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, поточно делницата од мостот “Влајко до мостот “Обединети нации“.